Српски криминолог откри колку заработуваат платите убијци за извршена ликвидација
Платениот убиец ги добива парите само ако жртвата е мртва, цената се движи од 50 до 7о илјади евра, вели познатиот српски криминолог Добривоје Радовановиќ.
Тој даде свое мислење за бруталната ликвидација во Паг во Хрватска. Радовановиќ смета дека ликвидацијата ја извршил изнајмен убиец кој извесно време ја следел жртвата.
„Чекаше погоден момент да се ликвидира. Јас сум на мислење дека убиството го извршил изнајмен убиец. Само тие се враќаат да проверат дали целта е мртва. Ова е јасно видливо во ова видео. Човекот бега само кога е сигурен дека работата е добро завршена“, бјаснува Радовановиќ.
За ликвидацијата на Црногорецот Горан Влаовиќ на островот Паг има сомнежи дека е резултат на пресметка на мафијата. Ангажирани се и безбедносните служби на Хрватска за утврдување на фактите.
Со силно обезбедување на припадниците на интервентната полиција, вчера околу 12 часот во судската палата во Задарго донесоа Душко Танасковиќ (28) од Крагуевац, осомничен за бруталната ликвидација на српскиот државјанин Горан Влаовиќ (38) во Зрче.
