СРПСКИ ИЗВОРИ: НЕМА ДОГОВОР ВО БРИСЕЛ - на Србија и е понудено решение кое таа не може да го прифати
На Србија и беше понудено понижувачко решение утрово во Брисел, на состанокот свикан од Европската унија со српскиот претседател Александар Вучиќ и Албин Курти утрово, вели извор запознаен со преговорите за Блиц.рс.
Со предложеното решение би требало да се дерогира Бриселскиот договор, кој Србија, според изворот на Блиц, не можела да го прифати.
- Според се, нè очекуваат тешки и неизвесни денови, особено на северот на Косово - вели изворот.
Според информациите, претседателот Вучиќ најверојатно вечерва ќе им се обрати на граѓаните.
Жосеп Борел, високиот комесар за надворешна политика на ЕУ и Мирослав Лајчак, специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог, прво се сретнаа со Курти, а потоа со Вучиќ.
Слично
