Економија, финансии, бизнис

Контакт

СРПСКИ ФУНКЦИОНЕРИ НА НОЗЕ ПО ИЗЈАВАТА НА КУРТИ ДЕКА БИ ГЛАСАЛ ЗА ОБЕДИНУВАЊЕ НА КОСОВО СО АЛБАНИЈА - ова се опасни и воинствени ставови

СРПСКИ ФУНКЦИОНЕРИ НА НОЗЕ ПО ИЗЈАВАТА НА КУРТИ ДЕКА БИ ГЛАСАЛ ЗА ОБЕДИНУВАЊЕ НА КОСОВО СО АЛБАНИЈА - ова се опасни и воинствени ставови

Косовскиот премиер Албин Курти во интервју за онлајн магазинот „Монокл“ изјави дека во иднина би гласал за обединување со Албанија, но само ако таквиот референдум се спроведе мирно и демократски, пренесува Газета Експрес.

Курти вели дека централниот дел од идната сеопфатна спогодба меѓу Косово и Србија треба да биде меѓусебно признавање, пренесува Косово Онлајн.

„Сега имаме обострано непознавање, но мораме да се познаваме. Затоа можеме прво да имаме изјава во која нема да се напаѓаме едни со други. Исто така сметам дека ЕУ е важен фактор кој може да обезбеди рамка за идна спогодба оти таа мора да биде заснована врз духот на европските вредности, закони и поредок, демократизацијата и соочувањетѕо со минатото“, вели Курти.

Прашан за односите со поранешните лидери на ОВК на кои им се суди во Хаг, вклучително и Хашим Тачи, Курти вели дека не е задоволен што на Тачи му се суди во Хаг и дека би сакал тој да се соочи со правдата во Косово за корупција.

„Поранешниот претседател Тачи сакаше да ја монополизира историјата за лична добивка. Никогаш не сум го спорел неговиот придонес за време на војната, но потоа се случија некои работи и некои лидери на ОВК со политичката моќ почнаа да стекнуваат материјално богатство“, вели Курти.

Според него, трајниот мир и стабилност во регионот е најбрз и најдобар пат за шесте земји од Западен Балкан заедно да се интегрираат во ЕУ.

Оваа изјава на Курти предизвика остри реакции во Србија.

„Меѓународната заедница мора конечно да почне да реагира на опасните и воинствени изјави на Албин Курти за фашистичкиот концепт на „Голема Албанија“, кој подразбира обединување на јужната српска покраина со Албанија“, изјави вчера вечерта директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија на српската влада Петар Петковиќ, а пренесува Блиц.рс.

„Таа реакција на меѓународната заедница мора да биде децидна, пред Курти да помисли дека молкот значи одобрување и дека има зелено светло за вовлекување на регионот во нова спирала на конфликти. Предупредувам дека заканите за еднострано прекројување на границите носат имплицитна закана од конфликти и дека можат да поттикнат слични аспирации во регионот“, се вели во изјавата на Петковиќ.

Иако, како што додаде, „устата на Курти е полна со мир и стабилност“, Курти знае дека создавањето на таканаречената „Голема Албанија“ значи фатална дестабилизација на регионот и предизвикување домино ефект со несогледливи последици.


Слично

Поврзани вести