„Српски блиц“:Властите во Македонија сами ги организирале „терористичките“ напади во Куманово
Ова го пишува српското издание „Блиц“, повикувајќи се на српските безбедносни служби.
Пред два дена министерката за внатрешни работи на Македонија, Гордана Јанкулоска поднесе оставка. Исто така оставка поднесе и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Функцијата ја напушти и самиот Мијалков, кој е братучед на премиерот. Официјалните информации беше дека Сашо Мијалков сам понудил оставка во писмо до премиерот. Според аналитичарите дадените оставки се токму заради тешкиот неуспех на акцијата во Куманово.
Претходно и поранешниот шеф на разузнавањето Горан Митевски ја нарече полициската акција во Куманово „сценарио на владата“.
Во акцијата во Куманово во саботата, прогласена од властите како борба против терористи загинаа 8 полицајци, а други 37 беа повредени. Премиерот Никола Груевски сепак ја нарече „успешна“.
(Статијата е преземена од српски блиц и истата може да ја прочитате тука)

