Економија, финансии, бизнис

Контакт

Српски бизнисмени ќе ја тужат Хрватска поради блокадата на границата

Српски бизнисмени ќе ја тужат Хрватска поради блокадата на границата

Десетици српски бизнисмени планираат да ја дадат Хрватска на суд поради загубите кои ги претпеле поради блокадата на српско-хрватската граница, а нивните барања можат да изнесуваат неколку милиони евра, пишуваат српските локални весници.

Повеќе од 60 бизнисмени имаат поднесено барања кон Стопанската комора на Србија за проблемите со кои се сретнале за време на шестдневната блокада на границата.

Анонимен претставник соопштил дека бизнисмените најверојатно ќе ја тужат Хрватска и нејзиниот премиер Зоран Милановиќ, кој неодамна и објавил царинска војна на Србија поради имигрантската криза.

За периодот од шест дена на границата беа во застој повеќе од 600 камиони.

Слично

Поврзани вести