Српската Влада со пченка од стоковите резерви ќе им помага на фармерите
Српското Министерство за земјоделство, денеска ќе и предложи на Владата на Србија мерки за помош на загрозените фармери поради појавата на зголемено ниво на афлатоксин во млекото, пренесува Танјуг.
Според потврдената информацијата Министерството за земјоделство на Србија ќе предложи на фармерите кои се исклучени од откупните линии бесплатно да им биде поделена пченка од стоковите резерви и тоа по 300 килограми пченка од молзна крава, како и одредена количина на зеолит со кој ќе се подобри квалитетот на сточната храна.
Исто така Министерството ќе предложи до Владата, да им наложи на преработувачките капацитети да го откупат целото млеко од фармерите, без оглед на неговиот квалитет, а она млеко кое не одговара на пропишаните стандарди да до предадат на третирање во складиштата кои законски се надлежни за тоа.
Министерството ќе преложи и на фармерите кои произведуваат здраво млеко исто така да им се дистрибуира пченка од стоковите резерви и да им се признае правото на премии по предаден литар млеко, без оглед на тоа дали млекото ќе оди во производство или на уништување.
Во текот на вонредните контроли кои и понатаму се во тек, надлежните органи се сомневаат во начинот на исхрана и квалитетот на сточната храна, па превентивно е донесена и мерка за забрана за ставање во промет на сурово млеко од 27 фарми и 46 семејни фарми.
Слично
