Економија, финансии, бизнис

Контакт

Српската Влада одобри квоти за извоз на жита, брашно и масло

Српската Влада одобри квоти за извоз на жита, брашно и масло

Владата на Србија на денешната седница одобрила месечни квоти за извоз на 150.000 тони пченица и пченка, 20.000 тони брашно и осум милиони литри рафинирано сончогледово масло, дознава Танјуг од Министерството за земјоделство.

„По барање ќе може да се бара одобрение за извоз на најмногу 20 отсто од одобрените количини по група производи на месечно ниво. Во случај извозниците да не извезуваат или да ги надминат одобрените количини, следниот месец нема да можат да поднесат барање за извоз“, се наведува во соопштението.

Пријавите може да се поднесуваат од 20 до 25 во тековниот месец за наредниот месец, додека за мај ќе се поднесуваат од 22 до 28 април. Квотите се утврдени на предлог на Здружението на жита на Србија, чии претставници минатата недела имаа средба со премиерката Ана Брнабиќ. Тие тогаш предложија извоз на 350.000 тони жито месечно и слободен извоз на брашно.


Слично

Поврзани вести