Економија, финансии, бизнис

Контакт

Српската Влада бара 1.000 инженери за работа во фабрика за чипови

Српската Влада бара 1.000 инженери за работа во фабрика за чипови
Канцеларијата на Владата на Србија за дијаспората ги повикува српските инженери и експерти кои сега работата во странство, да се вратат и да се вработат во компанијата Мубадала, од Соединетите Арапски Емирати, со кој неодамна е потпишан договор за изградба на фабрика за чипови во Србија. Услов за реализација на оваа инвестиција е Србија да обезбеди 1.000 инќенери за висока технологија. „Владата на Србија планира да ги вклучи инженерите кои работат во дијаспората на листата од 1.000 високостручни кадри кои претставуваат услов за реализација на договорот за изградба на фабрика за чипови на компанијата Мубадала„ информираат од канцеларијата за дијаспора на Србија. Од таму велат дека канцеларијата ќе настојува сите српски инженери за висока технологија во светот ги добијат потребните податоци и технички детали за да можат да одговорат на апелот на српската Влада. Како што пренесуваат српските медиуми, идните инвестититори во наредниот период ќе ја достават структурата на фабриката која ќе биде високо автоматизирана. Компанијата Мубадала има две фабрики во Сингапур и Германија и една во САД која е во изградба. За изградба на научна инфраструктура на компанијата е вложено колу милјарда евра.Компанијата нема фабрика во Емиратите поради недостаток на кадар.
Слично

Поврзани вести