Српската туристка е во стабилна состојба, мобилниот и се распаднал во рака од експлозијата во Истанбул
Конзулот на Србија во Истанбул, Ивана Пејовиќ, утрово изјави дека над српската државјанка, која беше повредена во експлозијата во Истанбул, успешно е извршена интервенција во болница. Пејовиќ за ТВ Прва изјави дека таа сега е во стабилна состојба и ќе остане во болница.
Раката и била повредена и имала туѓо тело во рамото. На Драгани Ристиќ од Ниш и се распаднал мобилниот телефон од силината на експлозијата, а се здобилча и со шрапнел во рамото. Таа одлетала неколку метри од местото каде што била на плоштадот.
Утрово се јавил министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ за да се распраша за здравствената состојба на повредениот српски државјанин. Дачиќ вчера изјави дека српската туристка Драгана Ристиќ од Ниш била ранета во смртоносна експлозија во Истанбул, во која загинаа петмина, додека Турција се сомнева дека нападот го извршил курдски терорист.
Српската државјанка Драгана Ристиќ од Ниш е повредена денеска во експлозија во Истанбул, изјави министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.
