Српската премиерка Брнабиќ и одговори на фон Крамон: Не и е грижа што Приштина го игнорира Бриселскиот договор
Премиерката на
Србија објави на својот Твитер профил
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, жестоко реагираше на објавата на известувачката за Косово во Европскиот парламент, Виола фон Крамон, во која ја коментира средбата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и советникот Турк Даудов на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров.
Премиерката на Србија Ана Брнабиќ и одговори на известувачот на Европскиот парламент, Виола фон Крамон на својот Твитер профил:
„И, пријателски совет, Виола, земи консултант за хумор. Ти треба еден.“
„Бидејќи сум во друга временска зона (Сингапур), само што го видов овој лош обид за хумор. Како известувач за ЕУ, на Виола не и е грижа што Приштина го игнорира Бриселскиот договор (10 години), наместо тоа таа продолжува да зборува за српскиот претседател Александар Вучиќ и го обвинува за работите што ги прават лидерите на ЕУ. Лицемерие“.
And, friendly advice: please @ViolavonCramon, get a consultant for humor. You need one. https://t.co/4xITj5aDto
— Ana Brnabic (@anabrnabic) November 16, 2022
Фото: Youtube - screenshoot
