Српската полиција уапси 20-годишен Србин кој се борел во украинската армија
Српската полиција уапси 20-годишен Србин поради тоа што се борел во Украина.
По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, припадници на Министерството за внатрешни работи, Управата за криминалистичка полиција, Службата за борба против тероризмот и Агенцијата за безбедност и разузнавање уапсија дваесетгодишен маж под сомнение за учество во војна или вооружен конфликт во странска земја, објави српското Министерство за внатрешни работи во своето известување.
Како што е наведено, при апсењето, кај осомничениот се пронајдени воена лична карта на украинската армија, комплетна камуфлажна униформа со ознаки, како и шлем со вградена камера. Исто така, пронајдена е и придружна документација што укажува на негово запишување во украинската армија.
На осомничениот му е одреден притвор до 48 часа и ќе биде приведен во надлежното обвинителство со кривична пријава.
Претходните години, српските медиуми објавија за неколку Срби кои загинаа во Украина борејќи се на страната на Русија. Откако во 2022 година Русија ја нападна Украина, платеници од различни земји се вклучија во борбите.
фото српско МВР
Слично
