Економија, финансии, бизнис

Контакт

Српската докторка Грујичиќ: Носев маска на отворено, но имаше многу луѓе на мал простор и се заразив со вирусот

Српската докторка Грујичиќ: Носев маска на отворено, но имаше многу луѓе на мал простор и се заразив со вирусот

Директорката на Институто за инкологија и радиологија на Србија, проф. д-р. Даница Грујичиќ, во гостување во РТС го обелодени своето искуство за тоа како се заразила со корона вирусот. Вели дека граѓаните треба да избегнуваат собири, дека Ковид-19 не е измислен и дека единствениот начин да се реши проблемот е да се произведе вакцината и да почне масовна имунизација. Дотогаш мора да се почитуваат мерките, но најважно од се е избегнувањето големи собирања.

-Можеби ќе се појави и ковид 23 и затоа мора да се навикнеме да живееме со овие мерки. Главната причина за пренесување на инфекцијата се собирањата. Граѓаните на Србија сериозно треба да ја сфатат ситуацијата со епидемијата и да се придржуваат до пропишаните мерки. Бев на отворено и носев маска, но се заразив затоа што имаше многу луѓе, на многу мал простор. Морав да одам на тој погреб каде што ја заболев од Ковид-19, а само по три дена, кога се појави температурата, знаев за што станува збор – изјави д-р. Грујичиќ.

Таа додава дека направила нешто што не е својствено за неа, односно ја намалила физичката активност на минимум, пиела витамини Ц и Д, како и лекот диклофенак. Сепак, како што вели, и биле потребни цели пет недели да се врати во состојбата пред инфекцијата.


Слично

Поврзани вести