Економија, финансии, бизнис

Контакт

Српска војска имало на границата со Косово?

Српска војска  имало на границата со Косово?

Приштинските медиуми  објавија дека на граничниот премин Јариње се видени вооружени српски војници, но по неколку часа ја демантираа оваа информација. 

„Редовната војска на Србија и жандармеријата беа распоредени во неделата наутро во близина на граничниот премин Јариње со Косово во северниот дел на земјата“- објави денес Газета експрес.

Косова прес извести дека има неколку вооружени војници на границата на Косово и Србија, но утврдено е дека тоа не е вистина, објави истиот портал, повикувајќи се на Газета метро.

За наводното присуство на припадниците на српската војска на преминот Јариње не се огласи косовската полиција, а ни претставниците на косовските институции.

Во својот демант Газета експрес пренесува дека „српски војници на Јариње не се видени од прогласувњето на косовската независност“.

Сепак, сега тврдат дека на другите премини, како Бела земја, може да се видат српски војници кои биле на „неутрална точка на границата“.

Слично

Поврзани вести