Српска општина е вистинско изненадување: Имаат едвај 4.115 жители, а трети се по висината на платите
Според податоците на Републичкиот завод за статистика во Србија, просечната плата во Златиборскиот округ за месец октомври изнесувала 94.069 динари.
Највисока просечна плата има во Ужице и изнесува 103.348 динари, Пожега 95.364, Косјериќ 92.429, Прибој 91.907, Чајетина 89.679 динари, пренесува Блиц.
Потоа следуваат Севојно со 89.903, Нова Варош 88.524, Сјеница со 87.256 динари, Бајина Башта 86.584 динари, Ариље со 85.589 и Пријепоље со 84.491 динари.
Иако приходите во областа Златибор се пониски од националниот просек, трендот на раст на платите е присутен во последните години.
Да ве потсетиме дека просечната октомвриска нето плата во Србија изнесувала 110.670 динари, а податоците на Републичкиот завод за статистика покажуваат дека програмерите заработиле највисок просек, 290.824 динари, додека најниските плати биле во личните услужни дејности и изнесувале 65.568 динари.
Просечната плата во преработувачката индустрија, која вработува голем број работници, изнесувала 99.437 динари, а разликите по гранки се движеле од 72.182 динари, што бил просекот во преработката на дрво, освен за мебел, до 162.981 динари во производството на тутун.
foto printskrin youtube
