Економија, финансии, бизнис

Контакт

Српска инфлуенсерка бара затвор за оние кои пишуваат негативни коментари за Вучиќ

Српска инфлуенсерка бара затвор за оние кои пишуваат негативни коментари за Вучиќ

Членка на СПС, Ана Гроздановиќ предлага за негативните коментари кон Вучиќ да следи затворска казна. Таа инаку е инфлуенсерка. 

Има 110.000 следбеници и даде предлог секој негативен коментар упатен кон ликот и делот на претседателот Александар Вучиќ, да биде казнет со затвор. Вели дека ова решение ќе ги вразуми безработниците како би се заштитил претседателот на секој можен начин. Според неа, ова што се случува е плански за да му ја црпат енергијата кога пред него стојат големи одлуки.

„Би ги замолила моите политички колеги кои седат во пратеничките клупи, да го кренат гласот и да се изборат за закон со кој би се казнил секој кој ќе остави лош коментар за претседателот на државата. А, за другите посериозни планови против него, да следат уште посериозни казни“, наведе Гроздановиќ на својот Инстаграм профил.

Инаку, таа вели дека луѓето ќе се едуцираат, ќе прочитаат некоја книга или ќе се едуцираат. Претходно, човек во Србија беше уапсен поради закани кон српскиот претседател, а во полиција кажал дека не ја примил терапијата. 

Инаку, српските власти објавија дека криминална група подготвувала атентат на Вучиќ. 

На мета бил и неговиот син Данило. 

Слично

Поврзани вести