Срѓан Керим во трката за генерален секретар на Обединетите нации
Македонија официјално го пушти Срѓан Керим, а Хрватска - Весна Пусиќ во трката за генерален секретар на Обединетите нации.
Претседателот на 70-тото Генерално собрание на ОН Данецот Могенс Лјукетофт соопшти пред новинарите дека Македонија и Хрватска ги предале кандидатурите на своите луѓе за функцијата на генералниот секретар на ОН.
"Двајцата кандидати веќе се објавени. Тие се поранешниот претседател на Генералното собрание од Македонија Срѓан Керим и министерот за надворешни работи на Хрватска Весна Пусиќ", изјавил тој.
Странките можат да ги поднесуваат своите кандидатури до крајот на јуни, кога Советот за безбедност ќе започне со изборот на најдобар кандидат, кој потоа треба да биде утврден од Генералното собрание. Лјукетофт истакна дека обично Советот за безбедност посочува еден кандидат, но не исклучува дека овој пат тие можат да бидат неколку.
Во вторникот Лјукетофт , заедно со претседателката на Советот за безбедност Саманта Пауер, испратил писмо до 193-те земји членки на светската организација со апел да предложат кандидати и за функцијата генерален секретар. Со тоа, како што рече самиот Лјукетофт , официјално започнува кампањата за привлекување, избор и именување на следниот генерален секретар.
