Економија, финансии, бизнис

Контакт

Среќна 2015: Стартуваа повисоките давачки за хонорарците!

Среќна 2015: Стартуваа повисоките давачки за хонорарците!
Од денеска стартуваат законските измени за плаќање на придонеси на ниво од околу 37 отсто за хонорарна работа. И покрај негодувањата и протестите на неколку синдикални организации власта не го повлече предлогот за оданочување на хонорарите. „Тоа е добра мерка која ќе обезбеди поголема социјална заштита за луѓето кои примаат хонорари да влезат во системот на здравствена заштита и да ги уживаат сите права од здравствената заштита, како и да можат да остварат пензиски стаж, односно кога ќе дојде време да стекнат право за пензија“, вели вицепремиерот Ставрески. Работниците пак, стравуваат дека сега работодавците ќе им ги намалат платите поради зголемените трошоци за фирмата. Но, не се погодени само фирмите туку и самите работници, кои во определени случаи и сами ќе треба да си ги плаќаат придонесите. Во продолжение: што донесуваат измените на законот: Со измените и дополнувањето на Законот се интервенира во дефинирањето на приходи кои ги остваруваат физички лица за кои се плаќа придонес за задолжително пензиско и инвалидско осигурување,  односно се усвојува нов модел на пресметување на двата главни социјални придонеси по основ на договор за дело, вклучувајќи  и други договори со кои е предвидено надомест за исплата, и авторските договори. Приходи на кои се плаќаат задолжителни придонеси кои ги остваруваат физички лица врз основа на:
  • Договори за дело;
  • Авторски договори; и
  • Други договори со кои е предвиден надомест за извршена работа, со кој е определен надоместок за извршената работа во нето износ повисок од износот на минималната плата утврдена со Законот за минимална плата.
      Гранични износи
  • Најнизок износ на оданочиви приходи -Нето износ повисок од износот на минималната плата (од 01. Јануари, 2015 износ на минимална плата:  9590,00 денари приближно 156€);
  • Максимална основица за плаќање на придонеси за оваа категорија на обврзници изнесувашестпросечни плати по работник во РепубликаМакедонија,  податок објавен во јануари вотековната година според податоците на Државниот завод за статистика. (Во 2014 овој износ е185.412 денари, 3015€).
Изземени од плаќање на придонеси се:
  • Корисниците на пензија според прописите на Пензиското и инвалидскотоосигурување за остварени приходи по основ на горенаведените договори; и
  • Приходи остварени над максималната основица.
Обврзници за плаќање, уплата, пресметка и известување Обврзници за  плаќање Обврзници за плаќање на социјални придонеси од 1 Јануари 2015 годинастануваат физичките лицакои ги исполнуваат следните услови:
  • остваруваат приходи од извршување физичка и/или интелектуална работа, врз основа на договор за дело и/или авторски договор или друг договор со кој еопределен надоместок за извршената работа;
  • нето износот на надоместокот да е повисок од износот на минималната плата утврдена со закон;
  • до колку лицата остваруваат приходи од повеќе договори, врз оваа основа, стануваат обврзници за плаќање на социјални придонеси доколку збирниот нето износ на приходите по тие договори го надмине износот на минималната плата утврдена со закон.
Обврзник за пресметка и упплата
  • Правното лице ‐ исплатувач на надоместокот ќе врши пресметка и уплатана придонесите до колку износот кој гоисплаќа во нето износ е поголем од износот на минималната нето плата,
  • ФПИОМ и ФЗОМ ќе вршат пресметка на придонесите за лицата кои по повеќедоговори остваруваат приходи помалиодминималната плата, но кои во збирен износ ќе го надминат износот на минималната плата утврдена со закон. Обврзник за уплата на придонесите во овие случаи ќе бидат лицата сами за себе.
Слично

Поврзани вести