Економија, финансии, бизнис

Контакт

Средношколците се враќаат на настава, но бојкотот не престанува!

Средношколците се враќаат на настава, но бојкотот не престанува!
Средношколците  кои околу шест недели ја бојкотираа наставата денеска се враќаат на настава, но веднаш по часовите го продолжуваат бојкотот. Оваа одлука била донесена на интерниот генерален пленум за да ги избегнат законските одредби со кои се предвидуваат парични казни за нивните родители доколку 25 работни дена во континуитет и неоправдано не посетуваат настава, а и  можност да го изгубат статусот на редовен ученик. Сепак од Средношколскиот пленум велат дека ова е преодно решение до повторно активирање на бојкотот. Револтот и незадоволството, потенцираат се зголемува и поради фактот што иако минатата недела повикаа на средба со надлежните, сеуште нема никаков повратен одговор ниту интерес да ги чујат и решат нивните проблеми. “Сите гимназии што бојкотираат го ресетираат бојкотот со цел да не бидат казнетите нашите сопленумци од Родителскиот пленум. Тоа значи дека денеска  се оди на настава, но бојкотот официјално продолжува по часовите. Доколку денеска не дојдат во 13 часот се размислува на нови форми на радикализација. Со ова сакаме да покажеме упорност, истрајност и сплотеност во нашата борба” -велат од Средношколскиот пленум. Оттаму велат дека не е исклучена можноста за нов протестен марш, против како што велат лошите образовни реформи и игнорантскиот однос на првите луѓе од ресорното министерство. “Ова е наш фронт и наша битка во која остануваме до крај. Ние сакаме подобро образование  и затоа минатата недела повикавме на уште една средба со надлежните, овој пат на наш терен. Да видат како и зошто сме во средношколскиот камп и на дожд и на сонце и ветер.Нашите барања се аргументирани но нудат и конкретни решенија со кои навистина може да се подобри образовниот процес. Тоа го докажува и подршката од родителите и професорите, дури и од оние кои поради силни притисоци не можат да бидат јавно со нас, а ја користат секоја можност да не посоветуваат и тивко да не подржат”-додаваат учениците. 11171873_10153916889190476_345027517_o Незадоволството според нив е големо и неможе да се сокрие бидејќи на виделина излегоа сите аномалии на долгогодишните лошо и набрзина спроведени реформи. Ова велат од Пленумот на средношколци се само дел од последиците. Тие деновиве се дополнително загрижени поради безбедносната состојба во земјава. Во нивниот импровизиран кампус заедно со нив ноќта ја минале поголем број од родителите и професорите, но и претставници на првата детска амбасада Меѓаши и Хелсиншкиот комитет. “Од Првата детска амбасада „Меѓаши“, како и од Хелсиншкиот  Комитет  одговорија на поканата на Средношколскиот  пленум и  претходната  ноќ ја минаа заедно со нас и дежурните родители. Таа поддршка ни значи многу и нам и ним и придонесува за чувството на безбедност.Дополнително тие направија и мониторинг на средбите со одговорните во МОН заедно со претставници од канцеларијата на Народниот правобранител. Нивните забелешки беа јасни и недвосмислеми и само го потврдија игнорантскиот и индиферентен однос на надлежните, што е јасен показател дека борбата на средношколците мора да продолжи” -нагласуваат од Средношколскиот пленум. Во меѓувреме, расте загриженоста кај родителите околу безбедносната ситуација, па најголемиот дел од нив се заедно со своите деца во шаторите пред Министерството за образование. Велат дека поднеле  барање во полициската станица во  Центар  за зајакнато присуство на полицијата околу кампот,  кој според нив ќе остане но со зголемена внимателност. Засилени се и редарските служби од учениците и родителите. Меѓудругото побарале од полицијата да испратат претставник од Единицата за превенција за да им одржи показна вежба на средношколците за справување со несакани ситуации. Барањето, заедно со службена белешка за разговорот велат  е проследено до СВР - Скопје. Родителите потенцираат дека и покрај обврските нема да ги остават нивните деца сами, туку напротив се го зголемат своето присуство во поголеми групи. “ Должни сме  одлуката за продолжување на бојкотот  да ја почитуваме. Наше е да помогнеме да бидат и да се чувствуваат побезбедни - да нѐ има повеќе на дежурство таму, за и тие да може малку да отспијат. Да им носиме храна, за да не бидат гладни и нервозни. Да не ги оптоваруваме со шпекулации што не можеме да ги потврдиме. Разбирливо е што секој се сомнева во сѐ, но не мора тоа да го пренесуваме на децата. Со своите досегашни активности, тие покажаа дека се многу умни и разумни и способни за анализа на ситуацијата” -велат од Родителскиот пленум. 11178353_822677521120872_1420038663751395041_n Тие се нагласуваат  – најзагрижени,  бидејќи нивниот како што велат “најголем животен капитал” -децата им се секојдневно под отворено, на ладно и топло време, на дожд и ветар. Оваа  најголема грижа за секој од нив - секојдневно велат ја преживуваат повторно и повторно. На честите прашања  - кој ќе биде виновен ако нешто им се случи, родителите даваат  еден одговор што можеби велат  нема да им  се допадне на одговорните и оние кои постојано деновиве коментираат на социјалните мрежи од своите фотелји. “ Дел од вината ќе ја носат и сите оние што коментираат само од ФБ, наместо да одат и конкретно да ги поддржат средношколците.  Да дежураат со нив, да носат храна, но и да вршат притисок врз училиштата и МОН да ги уважат барањата на средношколците, овојпат вистински и суштински, со што средношколците би се вратиле во училиштата. Тоа се начините на кои можеме да им помогнеме и да се погрижиме за нивна безбедност. А се надеваме дека нема да има несакани инциденти - наши се и децата што се излезени од нашите домови, ама и сите деца во кампот станаа наши, низ секојдневните средби и разговори со тие блескави претставници на своите генерации” - напишаа од Родителскиот пленум на својот ФБ профил. Родителите и средношколците со едноминутно молчење пред  средношколскиот камп им оддадоа почит на припадниците  од безбедносните сили кои го загубија својот живот  во вооружената престрелка во Куманово. Средношколски пленум до МОН: правна битка со  сите кои згазија на нашата чест! Средношколскиот пленум ја продолжува борбата за како што велат подобро и поквалитетно образование. Тие отфрлаат секаква партиско-политичка вмешаност во нивните редови. За сите клевети и притисоци  најавуваат дека ќе бараат правна разрешница. “Секојдневно децата во училилиштата трпат разни притисоци, омаловажувања, навреди, постојано им се закануваат со бркање од училиште, со казни од 2000 евра за родителите на учениците кои бојкотираат пред МОН,  од Државниот испитен центар  беа барани матичните броеви и други лични податоци, при што беа упатувани и закани дека ќе имало казни за нивните родители. Токму поради сите притисоци, навреди и закани, па дури и физички контакт со средношколците, заедно со Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе поднесеме  пријави до соодветните судови против оние кои многу очигледно згазија човечноста и свесно занемарија дека им се обраќаат на деца од 14 до 19 години, на деца кои веќе 2 недели спијат на улица( без разлика дали дува, врне, грее сонце,студи или пак е 3 часот по полноќ, а тие се на улица) бидејќи смело решија да го подобрат образовниот процес за чии недостатоци е поднесена не само долга, туку и издржана аргументација” -велат од Средношколскиот пленум. 11218566_826473770741247_9196540431775420674_o   Оттаму реагираат дека нивната борба е насочена кон подобро и поквалитетно образование за кое пред себе имаат сериозна дилема –дали и како ќе се заврши учебната година и што ќе се случи со нивните барања? Образованието  според средношколците е  процес во кој доколку настане грешка, се' што следува потоа е погрешно и што е најстрашно, поправките се многу долготрајни и многу макотрпни. Доколку тие грешки продолжат да постојат, несомнено е велат  дека последниците кои  ќе бидат негативни, ќе останат трајни. “Зар ќе одиме по тој пат и зар ќе дозволиме образовниот процес да ја загуби смислата на образованието? Но, покрај што надлежните во МОН не покажаа волја за решавање на проблемите на кои ние многупати укажавме, на тие средби беше покажан крајно некоректен однос кон деца. Ние сме тука, во паркот на новинарите, спроти МОН. Повторно ги повикуваме  да дојдат и да видат како е да си дел од таа маса од средношколци-деца кои имаат замисла за една убава иднина, деца кои сакаат да се образоваат но, не во образование во кое недостатоците се бројни и премногу големи да се занемарат” -порачуваат од Пленумот. Потписи за подршка и донации!            Во меѓувреме во кампот  на средношколците во паркот пред МОН секојдневно стигнуваат донации, а се поголем број граѓани се потпишуваат во книгата за подршка. Родители, баби, дедовци, роднини. Учениците велат дека ова е доволен доказ дека нешто не чини во образовниот процес.  Досега околу 10 000 граѓани го ставиле својот потпис за подршка на учениците. С.Б.
Слично

Поврзани вести