Средношколците се соочуваат со притисок од политички партии
До нас стигна известување од средношколците во Кавадарци за обид за деградирање и директиви за да се спречи протестот на средношколците против математиката како задолжителен предмет на државната матура и нејзиното електронско полагање.
„Средношколскиот Пленум најостро ги осудува сите обиди на политичките партии да го спречат, деградираат, етикетираат изразот на револт на средношколците. Воедно најостро ги осудуваме сите закани и лаги за санкции врз средношколците кои имаат своја цел и кои се борат за подобро образование, велат од оваа организација во соопштението до нашиот медиум.
Тие ги повикаа политичките партии да престанат со притисокот врз нив, а оние кои и самите се средношколци а повикуваат и даваат директиви за закани и ширење лаги да и откажат послушност на својата партија „бидејќи образованието е на сите нас, не е на партии ниту на поединци“.
Слично
