Економија, финансии, бизнис

Контакт

Средношколците пак маршираа низ улиците на Скопје

Средношколците пак маршираа низ улиците на Скопје
Учениците од повеќе скопски училишта, денеска повторно излегоа на улиците во знак на протест против задолжителното полагање матура по математика и концептот на екстерно тестирање. Средношколците маршот го започнаа пред средното градежно училиште ,,Здравко Цветковски” и завршија пред Градски парк каде ги прочитаа своите барања кои ги пратиле до надлежните институции. „ Јас сум претставник од Средношколскиот пленум, а денеска доставивме и барање за екстерното тестирање. Се надеваме дека ќе ни го прифатат, но доколку не се прифатат, ги повикувам сите средношколци да излезат на мирни протести пред нивните училиште меѓу двете смени. Доколку ни го одбијат барањето ќе се оди порадикално“ – изјави средношколец, претставник на Средношколскиот пленум, за Радио Моф. Откако ресорното министерство ги одби нивните барања, од Средношколскиот пленум велат дека нема да се откажат и ќе продолжат да протестираат. Тие потенцират дека целта не им е да губат часови, туку да го искажат нивниот револт кон новите измени во законот за средно образование.  
Слично

Поврзани вести