Економија, финансии, бизнис

Контакт

Средношколците не попуштаат, можна  радикализација на бојкотот!

Средношколците не попуштаат, можна  радикализација на бојкотот!
Средношколците не попуштаат пред притисоците од надлежните  да се вратат во училишните клупи. Иако деновиве имало  се позасилени контроли во училиштата и притисок и закани од дел од професорите и деректорите кои од нив барале  да го прекинат бојкотот, од Средношколскиот пленум не попуштаат. Учениците го враќаат ударот. Нема отстапки, бојкотот на наставата во училиштата и во шаторите пред Министерството за образование продолжува. Не ја исклучуваат можноста за радикализација на бојкотот  и до крајот на неделава повторно да излезат на протести. “Ние сакаме квалитетно образование и тоа е нашиот основен мотив зошто веќе еден месец ја бојкотираме формалната настава. Ние знаеме дека ова време не е залудно потрошено и изгубено бидејќи има јасна порака зошто го правиме овој чекор. На генерален пленм одлучивме да ги потпишеме пријавите за полагање на државна матура за да бидеме ставени во системот за полагање и да се фатат роковите, но не се враќаме на настава. Побаравме уште една средба со надлежните на која би се вклучиле сите засегнати страни. Веруваме дека работите може да се подобрат. Во спротивно повторно ќе излеземе на улица”-велат средношколците од Пленумот. 11206133_822087024513255_2730426051029617290_n Оттаму се пожалија на силни притисоци врз нив и нивните родители од кои биле барани лични документи, матични и броеви од телефон. Ова според учениците покажува дека некој навистина сериозно се плаши од гневот и незадоволството на учениците кој секојдневно расте. “Вчера во училиште дојдоа неколку инспектори кои наместо да се фокусираат на тоа дали се исполнети условите за работа во училиштата, спроведувањето на реформите и нивно ревидирање, ние секојдневно се соочуваме со притисоци. Па така директорите  бараа средба со претседателите на класовите во обид уште еднаш да ги преубедат за прекин на бојкотот. Ни бараа телефонски броеви од нашите родители за кои најавија казни од 2000 евра”-објаснува средношколец од гимназијата Раде Јовчевски –Корчагин. 11180327_822654414456516_1957262346530368700_n Досегашните средби со првите луѓе во Министерството за образование и наука според нив не добија никаков епилог поради фактот што почнале и завршиле без дијалог и компромисни решенија туку само со посочување на проблемите и последиците со кои може да се соочат средношколците кои ја бојкотираат наставата. “Од средбите немаше никаков заклучок, ниту компромис како што изјавија надлежните, бидејќи враќањето на стариот модел на државна матура само за матурантите од оваа година не значи никакво решение за другите генерации. Ние за волја на вистината не се ни ракувавме, едноставно како да сакаа побрзо да заврши средбата”-вели еден од матурантите од преговарачкиот тим на Средношколскиот пленум. Средношколците потенцираат дека тие им ги понудиле сите анализи за нелогичностите и проблемите  на веќе постоечкиот образовен  систем околу екстерното тестирање и државната матура, но надлежните ги отфрлиле  сите нивни предлози. Затоа порачуваат,  ако веќе се воведуваат нови модели на образовни реформи  тие да бидат добро изградени и соодветни за оние за кои се наменети за да не стигнат до степен каде што  средношколците треба да ги исправуваат погрешните одлуки. 11148611_821479727907318_6429805913432647241_n Подршка во како што велат учениците, борбата за подобро образование добиле и од нивните родители кои велат безрезервно ги подржуваат во намерата да истраат до крај. “Неможе да сме рамнодушни кога децата ни се на улица. Но неможеме ниту да молчиме пред проблемите. Можеби требаше единствено порано и ние да реагираме и да не дозволиме да дојде до овие радикални чекори. Ако борбата на нашите деца значи да се излезе повторно на протест ќе го сториме тоа без размислување” -вели мајка на средношколец од гимназијата “Раде Јовчески-Корчагин”. Надлежните од друга страна,  апелираат учениците да се вратат во училиштата бидејќи веќе нема да има преговори. Според нив најважно е деновиве средношколците да се пријават за полагање на матурскиот испит кој ќе се полага од 11-ти до 19 ти јуни. С.Б. 11038256_485547441600087_5425150737829270524_o
Слично

Поврзани вести