Економија, финансии, бизнис

Контакт

Средношколците на улица: „НЕ“ за новиот концепт на државна матура!

Средношколците на улица: „НЕ“ за новиот концепт на државна матура!

Како што најавија за денеска, толпа средношколци излегоа на улиците во главниот град и ширум земјава да кажат „НЕ“ за новиот концепт на државна матура!

Со транспаренти во раце „Стоп за лошите реформи“, „Мамо зошто не ме роди година порано“, „Не за новиот концепт на матура“„Шу матура“, „Ќе падне матурата заедно со системот“, „Шу праите со нашето образование“, „Преку матурава ми е“, „Не може зошто така некој одлучил“ маршираа низ улиците од Градски парк до МОН каде што доставија барање за законските одредби за екстерно тестирање да се стават во мирување.

Додека маршира низ улиците, на средношколците постојано им се приклучува нови групи незадоволни граѓани, а поддршка добија и од Студентскио Пленум.

(Фото:РадиоМоф)

Слично

Поврзани вести