СРЕДНОШКОЛЦИ НА ПРОТЕСТИ: Ако Адеми не сака дијалог ќе има жешка есен!
Средношколците бараат подобро и поквалитетно образование, но не преку фаворизирање на краткотрајно меморирање на факти кое го обезвреднува сиот вложен труд на ученикот во текот на целата школска година, и без да се провери критичкото знаење и квалитет- велат од Средношколскиот пленум. Тие не ја исклучуваат можноста за средношколски марш, против како што велат лошите образовни реформи, како екстерното тестирање и новиот модел на државна матура со кои се девалвира успехот кој ученикот претходно го стекнал, а се анулира и трудот на наставникот кој му помогнал на ученикот да го постигне тој успех. Сепак велат конечната одлука дали ќе излезат на улица зависи од тоа дали министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми ќе ја оствари најавената средба со нив и ќе ги вклучи во преговорите за изготвување на нов концепт на екстерно тестирање и државна матура.
“Не ја исклучуваме можноста за марш, но истиот ќе биде најавен кога ќе биде донесена официјална одлука на состанок. Нашите барања ги однесовме во Министерството за образование и Бирото за развој на образование со кои бараме укинување на екстерното тестирање и враќање на стариот концепт на државна матура како и активно учество во креирање на новите законски решенија”-вели Андреј Битраков координатор во Средношколскиот пленум.
Срдношколците сметаат дека резултатите добиени од екстерното тестирање влијаат негативно на општиот успех на ученикот, и ја поразуваат целта поради која ова тестирање е првично воведено.Онака коко што се спроведува според нив е спротивно на европските образовни стандарди, и е дел од „реформи“ кои само ќе ги продлабочат, наместо да ги решат образовните проблеми во државава. Континуираната проверка на знаењето и способноста на ученикот низ целата школска година, потенцираат учениците, не може и не смее да се изедначи со проверката преку екстерното тестирање, која трае само неколку часа. Поради тоа, велат Средношколскиот пленум бара итно и неодложно укинување на екстерното тестирање!
Дополнителен проблем е велат и новиот концепт на државната матура која не ги решава проблемите и не го подобрува образовниот систем туку става дополнителни бариери и отежнувања за учениците. Затоа велат треба да се пристапи кон суштински реформи со учество на сите засегнати страни.
“Сметаме дека е несоодветно и неприфатливо надлежните институции да ги активираат евентуалните промени во концептот на полагање на државна матура за тековно запишаните ученици во средно образование, како што беше предложено за матурантите во учебната 2014/2015 година. Би сакале да напоменеме дека согласно Уставот на Република Македонија чл. 52 ст. 4, законите и останатите прописи не смеат да имаат повратно дејство, освен по исклучок, кога тоа е поповолно за граѓанитеПонатаму, сметаме дека воведување на било кој втор задолжителен екстерен предмет го ограничува правото на избор на матурантот да избере предмет соодветен на неговите афинитети и желби за понатамошно образование. Претходното воведување на државната матура како замена за приемниот испит значи дека секој матурант би избрал предмет неопходен за рангирање при уписот на факултет” -објаснуваат од Средношколскиот пленум.
Оттука тие бараат полагањето на државна матура за сите веќе запишани средношколци да се изведува според концептот на полагање кој опфаќа полагање на три екстерни предмети, од кои првиот задолжителен (мајчин јазик), вториот изборен (математика или странски јазик) и третиот изборен (од група предмети, во зависност од видот на средното образование), еден интерен изборен предмет и проектна задача.
“Средношколскиот Пленум да биде рамноправно вклучен доколку се пристапи кон изготвување на нов концепт на полагање на државна матура. Секој нов концепт на полагање на државна матура да важи за учениците кои што ќе се запишат во средно образование по негово донесување и стапување во сила. Повторно, повикуваме на доследно почитување на Уставот на Република Македонија и забраната за ретроактивно важење за законите. Секој ученик има право да го заврши своето средно образование според правилата кои важеле во моментот на неговото отпочнување.Бараме Пленумот да биде активен учесник во носењето на било какви промени поврзани со средношколското образование”-нагласуваат средношколците.
Средношколците минатата учебна година во нивната борба за подобро образование подршка добија поддршка од родителите и наставниците, кои порачаа дека екстерните проверки се дел од многу образовни системи, но тој модел на проверка треба да биде еден од начините да се добие јасна слика за степенот на исполнување на стандардите во образованието. Тестовите според нив треба да показател на знаењата на учениците од одредени научни дисциплини, а резултатите од екстерните проверки да служат за пронаоѓање на слабостите во еден воспитно образовен систем, како и изнаоѓање нови, поефикасни образовни модели и креирање политики кои ќе водат кон подобрување на квалитетот на образованието.
На потег сега е министерот за образование и наука кој најави дека за екстерното тестирање ќе биде отворена широка јавна дебата со сите засегнати страни кои ќе треба да работат на нов изготвување на нов модел за екстерна проверка. Според најавите се очекува преговорите да се реализираат до крајот на оваа календарска година, бидејќи веќе од јануари матурантите треба да бидат екстерно тестирани.
С.Б.

Слично