Средношколците го растураат кампот пред МОН, прекинува и бојкотот на наставата!
Средношколците се уморија од “недогледната” борба за подобро и поквалитетно образование. Велат дека тие многу добро знаат што сакаат но едноставно немаат енергија и време да се борат со”духови”. Надлежните според нив ја постигнале целта – “не ги сослушале учениците”. Како што велат од Пленумот на средношколци, надлежните не се ни обиделе во тоа. Но ова според средношколците е изгубена битка за институциите, бидејќи останале неми и глуви пред оние кои треба да бидат иднината на демократска и просперитетна земја. А, како? Со какво образование?
За овие и уште многу отворени прашања средношколците разговарале на вчерашниот генерален пленум кој траел неколку часа. Мнозинството од членовите на пленумот одлучиле дека поради пред се безбедносни причини е најдобро кампот да се растури, а учениците поради големиот број на изгубени часови да се вратат на настава. Од Пленумот веруваат дека ова не е изгубена битка бидејќи тие пратиле јасна порака до надлежните дека нешто сериозно не чини во образовниот систем, а учениците бараат и сакаат подобро образование.
“Средношколскиот пленум на генерален состанок донесе одлука официјално да го прекине кампувањето пред МОН. Сите денови поминати во бојкот кој започна на 6-ти април и сите денови поминати во кампувањето кое започна на 27 април, на секакво време и кога имаше обилни дождови и кога грееше сонцe, и кога дуваа силни ветрови и кога во државата ситуацијата беше небезбедна поради сите случувања во Куманово, ние поминавме три недели под отворено небо, три недели спиевме на улица и три недели разговаравме со граѓани кои секојдневно доаѓаа, ни оставаа донации, потписи. Се собраа над 15 000 потписи од граѓани кои ја сфатија нашата борба, кои гледаа на нас како на деца кои самостојно застанаа во одбрана на своето образоване и кои не дозволија да се нанесе уште поголема повреда на нашето веќе долго време рането образование. Деца од 13 до 19 години спиеја на улица...ДЕЦА....тоа допре до институциите во Европа но, не допре до нашето МОН...Не допре до надлежните дека ДЕЦА излегоа на улица..деца кои жртвуваа повеќе од еден месец од своето образование само за да докажат на институцијата задолжена за образование дека нешто е “скапано” таму...Но, тие беа глуви за нашите барања, слепи за нашата аргументација и слепи за нашиот камп, а на крајот неми за грешките во образование за кои и тие самите се свесни”- вели Моника Пешевска од Средношколскиот пленум.
Одлуката за прекин на бојкотот, според неа значи дека средношколците не сакаат повеќе да се борат и да комуницираат со надлежните кои според начинот на кој ги третираа изминативе месеци покажале дека ниту ја знаат, ниту ја познаваат, а уште помалку сакаат да ја запознаат својата младина. Активностите на Пленумот додава, ќе продолжат бидејќи иако оваа генерација на матуранти го завршува средното образование, пониските одделенија кои активно се вклучија во бојкотот ќе ја продолжат борбата.
“Ние ја имавме решителноста и добрата аргументација, ние сме, бевме и секогаш ќе бидеме чисти во нашите души иако се дрзнаа да етикетираат ДЕЦА и да ги вмешуваат во ниските партиски игри , ДЕЦА кои секогаш ќе ја посакуваат и ќе ја спроведуваат правдината,ДЕЦА кои секогаш ќе ја шират љубовта и ДЕЦА кои покажаа поголема разумност и поголеми вредности од оние од кои требаше да учиме.Средношколскиот пленум направи најголем марш во историјата на Република Македонија, марш на кој дојдоа над 13 000 луѓе, дадовме аргументација која многу јасно и прецизно потенцира на грешките за кои не само што нема време, туку не смее да се чека истите да продолжат да постојат...Но на сето тоа надлежното министерство два месеци не реагираше, а кога конечно изгреагираа и кога конечно ги викнаа нашите претставници на средба, освен што покажаа крајно некоректен однос кон ДЕЦА, тие исто така не беа подготвени за никаков компромис”- додава матурантката Пешевска.
Силни притисоци и закани врз средношколците!
Средношколците уште еднаш се пожалија на засилени закани и притисоци. Најголема дебата на генералниот пленум синоќа се водела околу изостаноците и притисоците кои се вршеле врз дел од учениците. Па така во голем дел од гимназиите било понудено крајните оценки по предметите да се добиваат само од материјалот кој бил пропуштен за време на бојкотот, а прашањата да бидат оние кои се предвидени со екстерното тестирање што значително го намалува времето да се совлада материјалот. Ова била една од причините да се прекине бојкотот. Дополнително, дел од учениците од Пленумот укажуваат на директни притисоци врз средношколци од страна на професори и луѓе блиски на власта, а се влијаело и преку родителите. Оттука објаснуваат учениците, последниот период се јавиле несогласувања во членството и често менување на одлуките, пад на ентузијазмот да се кампува во шаторите, да се моли за средба со надлежните. Сепак, додаваат средношколците, во едно биле едногласни сите- борбата за подобро образование продолжува!
Екстерното тестирање, вели матурантката Моника Пешевска од гимназијата “Раде Јовчески-Корчагин” е постојано критикувано и од професорите и од наставниците, а и во ниту една земја не е на толку ниско ниво и во ниту една земја не се употребува за казна или награда на ученик или професор. Дополнително, државната матура неможе и несмее да биде унифицирана преку задолжителни предмети кои ќе му го скратат правото на избор на секој ученик. Нелогичностите од образовните реформи, според средношколците оставаат голем простор и во иднина да се продолжи со делување надвор од училишните клупи.
“Тие велат дека сме постигнале компромис, а не појаснуваат дека тоа што го направија на сегашните матуранти на кои само неколку месеци пред да полагаат матура им соопштија каков е новиот концепт на матурата, ќе им го направат на следната генерација матуранти. Каква е таа институција која е глува за оние за кои треба да работи? Каква е таа институција која не е подготвена да сослуша и да прифати дека сите заедно можеме да го подобриме образованието? Каква е таа институција која дозволи деца три недели деноноќно да бидат пред нејзината зграда а, таа да ги оцрнува и да им вели дека се нелегитимни? Зар фактот што 18 000 средношколци ја бојкотираа наставата не ја покажа легитимноста на Средношколскиот пленум? Институцијата која го носи името Министерство за образование и наука не само што покажа дека не го заслужува тоа име туку и дека очигледно не знае што е образование и каков процес е тоа. Не сакаа ниту да слушнат од нас. Но, ние сме тука и ќе продолжиме да постоиме” – порачува Пешевска.
Пленумот продолжува со активности-помладите генерации ја продолжуваат битката!
Овој викенд Средношколскиот пленум повторно ќе има генерален пленум на кој треба да се дискутира за идните активности. Пленумот -велат учениците, ќе продолжи да постои, бидејќи како никогаш досега зад себе ја имал подршката на родителите, професорите и граѓаните. Активирање на помалите генерации е првиот чекор кој ќе се направи за да продолжат активностите и во иднина.
“.Постојано ќе бидеме будни и ќе продолжиме да се бориме,на еден или друг начин.Ќе продолжиме да си ги бараме правата, ќе продолжиме да го браниме нашето образование и да придонесуваме истото да се подобри.Кога МОН не ја извршува добро својата работа, ние ќе бидеме постојано будни за да им укажуваме на недостатоците кои тие ги направија а, можеби ќе продолжат да ги прават.Пленум значи полнотија.И се' е полно, празен простор не постои.Затоа многу јасно искажуваме дека ние сме тука и ќе продолжиме да постоиме”- порачува во име на Средношколскиот пленум, Моника Пешевска.

Слично