Средношколци до средношколци: не подлегнувајте на притисоци и закани!
Се стега обрачот околу учениците. Закани, притисоци, јавувања -велат учениците стигнуваат од сите страни, но тие остануваат на ставот против според нив, лошите реформи во образованието. Средношколците денеска се обединети како никогаш до сега и излегуваат на првиот протестен марш пред надлежните институции. Подготвени со транспаренти, свирчиња, постери, флаери, стикери и како што велат чиста мисла и став, пред Владата и пред Министерството за образование и наука уште еднаш ќе порачаат “стоп за лошите реформи во образованието”.
“Секојдневно добиваме закани дека нема да ни дадат да полагаме матура, ќе имаме намалено поведение, нашите активности ќе се одразат на нашиот успех но и врз нашите родители. Мајка ми работи во јавно претпријатие и неколку пати досега кога од страна, кога директно ми беше посочено дека сето ова ќе ми се скрши од глава. Да внимавам. Но сепак денеска ќе бидам со моите другарки на протестот. Ништо нема да ме поколеба да бидам дел од ова движење за поквалитетно и подобро образование”-вели ученичка од гимназијата “Раде Јовчески-Корчагин”.
Со слични приказни се и нејзините соученици од другите средни училишта. Притисоците оделе дотаму што и дел од наставниците и директорите директно им кажувале да не одат на денешниот протест и им се заканувале дека за секој пропуштен час ќе следуваат санкции. Учениците велат навремено ги известиле раководствата во училиштата за утрешниот протестен марш кој ќе почне точно напладне и за кој ќе се изгубат последните часови од првата и првите часови од втората смена.
“Добивме и целосна поддршка од технички аспект, а тоа значи дека денеска ќе имаме целосно озвучување. Притисоци секако има, но ние сме правно потковани, спремни и охрабрени да се справиме со нив, да не подлегнеме и до крај да се избориме за нашите цели и барања. Пораката до сите средношколци е: не подлегнувајте на притисоците, сега е време да бидеме храбри и истрајни. Желбата за квалитетно средно образование што не се добива преку набрзина спроведени лоши реформи е она што не сплотува и она што ни дава сила и понатаму заеднички да продолжиме да се бориме се додека нашите активности не вродат плод”-вели Александра Филипова-матурантка од скопската гимназија “Никола Карев”.
Според средношколците, ресорното министерство безусловно треба да го стави во мирување најмалку една учебна година „екстерното оценување“ и да почне сеопфатна дебата за негово подобрување, независно од формата на неговата организација и реализација, затоа што тоа во сегашниот формат не го подобрува квалитетот на образованието.
“Она што сакаме да им го порачаме на надлежните институции е дека ниту екстерното тестирање, ниту новиот концепт за Државна матура не се во полза на учениците. Сакаме надлежните да ги слушнат и позитивно да одговорат на нашите барања, сакаме да го слушнат нашиот став, да ги слушнат нашите аргументи кои што се сосема издржани и одат во корист и полза на образованието, целат кон поквалитетно образование. Екстерното оценување е вистински стрес, а оценувањето се сведува во форма на еден завршен испит со формат на „квиз“ составен од 30 прашања од наставната програма за тековната учебна година ”-додава матурантката Филипова.
Според неа, на матурантите не им е потребно постојано проверување со еден дел на полугодие, а и дополнително екстерно тестирање од државата по нови два предмети. Тие бараат нов модел за јакнење на образовниот систем, но заснован на почит, доверба, преиспитување и креирање вредности. Оценките од екстерното тестирање, потенцираат учениците, не се едноставна ниту наивна одлука бидејќи влегуваат во свидетелствата и влијаат врз успехот на учениците. Затоа, според учениците мора првично да се создаде амбиент во кој секој граѓанин ќе стане свесен за својот личен придонес кон општествениот развој, а паралелно да се чуе гласот на средношколците околу евентуалното креирање на нови законски решенија. Дополнително, интерните средношколски пленуми треба да одлучат како правно да делуваат во услови на постојани притисоци и закани за нивните членови, за да се заштити дигнитетот и уставно загарантираното право на протест. И покрај незадоволството и реакциите на учениците, бојкот на наставата нема да има бидејќи тие сакаат вистински и реални промени кои ги постават темелите на новиот образовен систем.
С.Б.

Слично