Средношколскиот пленум излезе со конкретни барања
Укинување на математиката како задолжителен предмет за државна матура и измени во екстерното тестирање, се двете клучни барања на средношколскиот пленум, кои денеска ги претставија за време на првиот отворен состанок.
Спорид нив оценката не може да се сведува само на резултатите од екстерното, а да не се земе во предвит активноста и успехот во текот на целата учебна година.
Од пленумот велат дека детално ги проучуваат измените во законот за средно образование и своите барања ќе ги достават до ресорното министерство, а за тоа какви активности ќе преземат во иднина зависи од одговорот што ќе го добијат од министерството.
Тие потенцираат дека за своите активности имаат целосна поддршка од наставниците и родителите.
Целта на денешниот состанок, велат средношколците , меѓудругото било и формирање на интерни пленуми кои ќе дејствуваат локално во сите градови и училишта, но и да се се слушнат предлози од пошироката јавност.
Слично
