Економија, финансии, бизнис

Контакт

СРЕДНОШКОЛСКИ ПЛЕНУМ: Со мизерни клевети нема да нè скршат!

СРЕДНОШКОЛСКИ ПЛЕНУМ: Со мизерни клевети нема да нè скршат!
Средношколците ги подготвија своите барања против математиката како задолжителен предмет во државната матура и укинување на екстерното оценување кои денеска планираат да ги достават до Министерството за образование и наука.  Велат тие се суштината и базата на нивното делување како пленум, бидејќи според нив, првично мора да се најде решение за овие, а подоцна и за другите проблеми во образованието. Најавуваат симболични  и мирни протести помеѓу двете смени во училиштата на кои ќе ги договараат следните насоки на делување, но без да се бојкотира наставата. Велат младоста и мудроста се на нивна страна, со дополнителни аргументирани ставови кои ќе ги претстават и написмено пред надлежните. Лошите реформи во образованиот процес, велат од година во година се наталожуваат и се игнорираат нивните реакции , па учениците стануваат реални и конструктивни критичари на актуелните образовни проблеми и бараат да бидат  активни учесници во креирање на образовните политики во иднина. Кој се уплаши од средношколскиот активизам?! 1901685_684639921661775_3896422656626019419_nКонтроверзните постери  кои се појавија во повеќе градови и училишта низ земјава  на кои се споменуваат имиња на активни членови на Средношколскиот пленум кои наводно земале 10 000 денари за организирање на протести се негативна кампања против пленумот која според средношколците нема да го  прикрие обидот за  дефокусирање на јавното мислење од лошите закони во образованието. Овој начин на делување на некој кој сака да го девалвира трудот и единството на средношколската младина, според учениците  е доказ дека некој сериозно се плаши од нивните аргументи и конкретни барања. Средношколците  и покрај ваквите  според нив неосновани и несериозни обвинувања имаат мотив повеќе отворено да проговорат за сите проблеми во училиштата и да се борат за поквалитетно образование бидејќи оваа оркестрирана акција врз членови на Пленумот, според нив го покажува дното кое може да го дофатат само оние кои бранејќи го својот интерес посегнале по туѓиот интегритет. “Не сакаме да набедуваме никого за тоа што излегоа постери  со имиња на активни членови на средношколскиот пленум кои наводно земале пари за организирање на протести. Ние не набедуваме никој за тоа што излегоа такви плакати, но кој и да го направил тоа се гледа дека не е многу креативен и  незнам кој би им поверувал во тоа. Денес имавме состанок и одлучивме да го предадеме конечно барањето до надлежните. Додека чекаме одговор од барањето ке имаме и мирни протести во нашите училишта помеѓу смените. Нема да има бојкот и губење на часови, само ќе се седи на пример од 13 часот до 13:45 додека не почне втората смена како порака дека има активно средношколско движење со свои ставови и аргументи” -вели средношколецот Петар Стевановиќ- член на Средношколскиот пленум. Средношколскиот Пленум најостро ги осудува овие, според нив најниски начини да се девалвира работата и активностите на поединци во Пленумот, а негативната кампања потенцираат,  нема да ја сокрие вистинската слика за образованието во Македонија, бидејќи таа само ја потврдува нивната сериозна платформа која гласно говори за лошите реформи во кои тоне образовниот процес. kardulaУченичката од скопската гимназија Јосип Броз Тито, Теано Кардула која е една од најактивните членови на пленумот вели дека оваа според неа,  мизерна  клевета е доказ дека креаторите на овие постери не знаат и неможат да се соочат со квалитетно формирани аргументи. “Фала што ме мотивиравте со ваква мизерна клевета.Очигледно не знаете како да се соочите со квалитетно формирани аргументи.И уште едно прашање, на која сметка ми стигнале парите? Да знам кај да си ги подигнам?”- напиша на својот фб профил средношколката Теано. Реакции стигнаа и од битолските средношколци чии имиња осамнаа на плакатите. Велат вакви гестови не ги обесхрабруваат,туку напротив ги прават похрабри и поодлучни во нивното делување. “Ниеден пленумец нема да оставиме назад, затоа што работиме на принципи на солидарност и соработка и се држиме заедно! А вашите имиња (и тие со лажни профили), заедно со вашите закани – ќе ги објавуваме јавно. Само заокружувајте нè и стигматизирајте нè. Стравот е за вас!Кој сее страв, жнее гнев!”-напишаа во реакцијата членовите на Средношколскиот пленум од  Битола. Според учениците,  вложените средства  во кампањата против Пленумот, за принтање на флаери низ Македонија, покорисно би можело да се искористи во некоја хуманитарна акција во знак на поддршка на оние на кои им е потребна помош, наместо на оцрнување на борците за подобро образование. “Зашто ако ваш живот е бедан, пробуете да повлечете још некога у беду у коју живите раскошно. Паразити!!!”-напиша ученик од   кумановска гимназија. За притисоците Дел од средношколците отворено зборуваат и за притисоците со кои секојдневно се соочуваат, особено откако јавно проговориле за проблемите и за се поголемото  незадоволство поради штетите кои ги трпат учениците, родителите, а и наставниот кадар. “Сакам да потенцирам дека ваков вид на негативна кампања нема да не запре во остварување на нашите цели, туку само ќе даде до знаење на сите, низ какви притисоци поминуваат членовите од Пленумот кои се борат за она што е нивно. Ваков вид на притисоци и напади врз наши членови само не прави посилни, и ни дава до знаење дека сме на прав пат. Средношколскиот Пленум ќе продолжи со борба против негативните реформи во средното образование, а нападите од ваков вид само не прават поединствени. Уште од денес најавуваме тужби од страна на родителите и од страна на Пленумците. Од заокружувања не се плашиме, бидеќи на нашата идеја и дојде времето, и ние ќе се избориме истата да ја оствариме”-вели Али Нуредини од Средношколскиот пленум. На злоупотребата реагираа и родителите на децата од Средношколскиот пленум чии имиња се најдоа на постерите. Тие најавуваат покренување пријави и тужби, а дополнително ги охрабруваат и подржуваат своите деца во борбата за подобро и поквалитетно образование. С.Б.
Слично

Поврзани вести