Економија, финансии, бизнис

Контакт

Средношколски пленум: Се враќаме похрабри од било кога!

Средношколски пленум: Се враќаме похрабри од било кога!

Почетокот на годината, Средношколскиот пленум ќе го одбележат со собир пред Министерството за образование, за да покажат дека нема да се откажат од она што се залагаа минатата учебна година.

,,Се надеваме дека министерството овој пат ќе ја сфати нашата сериозност и конечно ќе реши да соработува. За таа цел на 1 септември во 18 часот, ве повикуваме на јавен собир во Паркот на Новинари кој ќе биде проследен со алтернативни предавања, панел дискусија и уште многу други активности.Говорниците и целосната агенда ќе бидат објавена наскоро. Да им покажеме дека сме посериозни, посложни и похрабри од било кога!” – велат од Пленумот.

Тие бараат во наредите 4 години да се полага стариот концепт на државна матура, и за тоа време да се усоврши нов модел на полагање кој ќе се примени кај идните генерации. Освен тоа, тие бараат екстерното тестирање да биде анонимно и оценката да не фигурира никаде во свидетелствата.

Но минатата година и двете барања Владата ги одби.

Инаку, пред крајот на учебната година средношколците организираа и низа протести, и три недели кампуваа пред ресорното министерство.

Слично

Поврзани вести