Економија, финансии, бизнис

Контакт

Средношколски пленум до Груевски: Згрозени сме што си дозволивте партиски да нè обоите

Средношколски пленум до Груевски: Згрозени сме што си дозволивте партиски да нè обоите

Средношколскиот пленум остро реагираше и го осуди вчерашниот говор на премиерот Никола Груевски, кој осврнувајќи се на реформите во образованието обвинуваше дека се формираат партиски пленуми.

,,-Згрозени сме од фактот дека си дозволивте јавно да нѐ обоите партиски, и нас како млади луѓе нѐ наречете „катастрофа за општеството“, со што ја урнавте секоја шанса за дијалог со Вашиот министер. Почитуван премиере, крајно понижувачкиот однос кон нас и непоткрепените факти, небулозните лаги и компарации кои ги изнесовте во врска со нашето образование, докажува дека никој друг освен Вие не се обидува да стекне политички поени врз нашиот грб. Да, битката меѓу Вас и нашиот пленум е политичка, но НИКАКО не е партиска. Знаете, разликата помеѓу политичко и партиско делување и спротивставување е огромна, и за нас е загрижувачки тоа што Вие, како премиер, како личност на врвот на нашата држава и истакнат политичар, овој факт не го знаете'' - се вели во соопштението на Средношколскиот пленум.

На вчерашното празнично обраќање, премиерот Груевски раскажуваше како во Франција децата ги ,,растурале" од тестови, па никој не се бунел, а кај нас се протестирало и се формирале ,,партиски пленуми".

,,Искрено жалиме што нашата побуна Ве преплаши и загрижи, но требаше да знаете дека тоа е вообичаено кога некој се обидува да направи експериментални глувчиња од млади луѓе со здрава, развиена и критичка мисла. Ние имаме само една идеја, не слична со ниедна од македонските партиски структури и бои, идеја за стопирање на Вашите ѓубре реформи, идеја за подобро образование! – порачаа средношколците.

Слично

Поврзани вести