Економија, финансии, бизнис

Контакт

Средношколец со пиштол се заканувал во училишен двор

Средношколец со пиштол се заканувал во училишен двор

Петнаесетгодишно момче во основното училиште во тетовското село Пирок, по расправијата со соучениците извадил пиштол и почнал да им се заканува.

Според полицијата, осомничениот малолетник почнал расправија со тројца ученици во училишниот двор. Откако кавгата завршила тие влегле во училиштето, а тој влегол по нив.

Потоа извадил пиштол од појасот, го репетирал и го вперил кон тројцата ученици и почнал да се заканува дека ќе пука.

За среќа инцидентот поминал без повредени, а бил утврдено дека станува збор за гасен пиштол, кој не бил наполнет.

По целосно расчистување на случајот против момчето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слично

Поврзани вести