Средните училишта ширум земјава основаат интерни пленуми
Започната е постапката за основање интерни пленуми на средните училишта низ Република Македонија, информираат од Средношколскиот Пленум .
Овие пленуми ќе имаат за цел да доведат до поголема вклученост и координација помеѓу средношколците во активностите и одлуките на Средношколскиот Пленум.
Интерните пленуми на средните училишта подоцна ќе ги сочинуваат пленумите на Средношколски на градско ниво (локално). Средношколскиот Пленум ги повикува сите средношколци да се вклучат во работата и активностите на локалните пленуми.
Подетални информации околу интерните пленуми заинтересирани можат да добијат на „Фејсбук“ страницата на СП и/или наsrednoshkolskiplenum@gmail.com. Формирањето на интерните пленуми е предвидено до 7-ми март, со што започнуваат и активностите на Пленумот на локално ниво.
Пленумот бара измени во начинот на екстерното тестирање и укинување на математиката за задолжен предмет за државна матура.
Слично
