Средната класа во Словенија ќе биде жртва на новите даноци
Одлуката на словенечката влада да воведе данок на финансиските трансакции и зголемување на пониска стапка на ДДВ за одредени стоки и услуги уште повеќе ќе го намали стандардот на средната класа, јавуваат словенечките медиуми.
Новиот данок од 6,5 % на каматата во банката за сите финансиски трансакции, ќе се пренесе на клиентите, што меѓу другото ќе значи и повисоки провизии за подигање на готовина од сметката, поскапи кредити, но и опасност фондовите и компании кои работат само со финансиски трансакции да се преселат во други држави, пишува љубљански Дневник.
Весникот предупредува дека сообраќајот на брокерските фирми изминатите години на криза веќе се намалил за 90 %, додека продажбата во специјализираните компании за управување со инвестициски фондови е преполовена. Со измената на законот за ДДВ словенечката влада планира следната година да добие во буџетот дополнителни 70 милиони евра во приходи, што за експертите е нереално.
Од листата на производи и услуги со понизок ДДВ од 8,5 %, Владата ги тргна храната за домашни миленици, чистењето приватни куќи и згради, фризерските услуги, наемот на спортските сали, но и дневните весници и други печатени публикации. За овие производи и услуги сега ќе се плаќа данок од 20 %.
Слично
