Средби на македонските коморски асоцијации и Бугарската промишлена комора
Економската криза не смее да внесе апатија и исчекување кај бизнис заедниците во регионот. Стагнацијата во ЕУ за момент ја успорува доизградбата на современа Балканска патна и вкупна сообраќајна инфраструктура.
Бугарија со крајни напори ја продолжува изградбата на патниот коридор Софија-Анкара и тоа влијае на одржливоста на минимален економски развој.
Ова во Скопје го изјави Цветан Симеонов претседател на Бугарската промишлена комора. Тој учествуваше на средба со претседателите на македонските коморски асоцијации, во организација на Македонско-Бугарската Стопанска комора.
Симеонов, навести дека наредниот месец во Бугарија повторно ќе се организираат би-ту-би средби на компаниите што се ориентирани кон извоз и на третти пазари.
Претседателот на МБСК Зоре Темелковски иницира потреба од намалување на царинските формалности и можноста за основање на заеднички терминали при трансизтниот транспорт на стоки кон Бугарија и другите пазари.
Претседателот на Стопанската Комора Бранко Азески оцени дека преокупирани со освојување на пазарите на членките на Унијата ја запоставивме регионалната и билатерлана стопанска соработка, особено со Бугарија.
