Средбата во Виена откажана
Состанокот кој утре требаше да биде спас за „Пржино“ е откажан.
Како што соопштуваат дел од медиумите, лидерската средба се откажала.
Веста дека се откажуваат преговорите до партиите стигнала од евроамбасадорот Аиво Орав, соопшти 24 вести.
Имено, средбата ја организираше еврокомесарот Јоханес Хан кој ги повика четворицата лидери на најголемите парти кои се потписнички на договорот од Пржино.
Оваа средба опозицискиот лидер вчера ја услови со два услови: повлекување на аболицијата која ја донесе претседателот Иванов, и свикување на седница на која првиот човек на Парламентот ќе ја отповика одлуката за предвремени избори на 5 јуни.
Слично
