Економија, финансии, бизнис

Контакт

СРЕДБА ЗАЕВ-ОРАВ: Тема на разговорот последните случувања во земјата

СРЕДБА ЗАЕВ-ОРАВ: Тема на разговорот последните случувања во земјата

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и заменик претседателката Радмила Шекеринска, денеска остварија средба со амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав.

Како што информираат од кабинетот на Заев тој го информирал амбасадорот Орав за последните случувања во земјата и акцијата „Пуч“.

[button color="orange" size="big" link="http://faktor.mk/2015/02/02/aktsija-puch-drzhaven-udar-ili-klasichna-politichka-mestenka/" target="blank" ]АКЦИЈА ПУЧ: државен удар или класична политичка местенка?[/button]

„Објавување на докази и аргументи за криминал на власта не може да биде државен удар. Обврска и должност е на секој што добил такви докази да ги објави“, посочува лидерот на опозицијата Заев.

Тој додава дека не може да биде уцена и обид за државен удар легитимно барање на лидер на опозиција за формирање на техничка влада, која би обезбедила услови за спроведување на фер и демократски избори.

Лидерот на опозицијата Заев ја акцентираше евидентната контрола врз судството и медиумите од страна на власта како и тоа дека националниот сервис, МРТВ, реализираше медиумска блокада на клучните изјави и ставови на СДСМ. Обраќањето на Никола Груевски го пренесе во живо, интегрално, а од обраќањето на лидерот на опозицијата пренесе помалку од 40 секунди во Дневникот.

Начинот на известување на медиумите за овие настани, необјективно, непрофесионално и наклонето кон власта уште еднаш ја потврдува медиумската контрола на власта, констатирана и во извештаите на ЕУ, рече Заев.

Претседателот на СДСМ му соопшти на амбасадорот Орав дека СДСМ ќе продолжи легално и легитимно да се бори за конечно враќање на слободата и демократијата во Република Македонија.

Ќе објавиме се што имаме, посочи Заев.

Слично

Поврзани вести