СРЕДБА ЗАЕВ-ОМАНОВИЌ: Мирна разврска на политичката криза и фер избори
За актуелната политичка криза на средбата разговарале пратеникот во шведскиот Парламент Јасенко Омановиќ и опозицискиот лидер Зоран Заев.
Како што соопштија од кабинетот на Заев и двајцата се согласиле дека единствено мирна разврска на политичката криза е во интерес на граѓаните.
Потенцирано е почитувањето на правната држава и искритикувана е одлуката на претседателот Иванов за аболиција која предизвика граѓански протести.
Заев на средбата порача дека на Македонија и требаат фер избори кои како што напомена, не се можни без прочистен Избирачки список, без медиумски реформи и одвојување на партијата од државата
„Само регуларни избори и почитување на правната држава се решение за политичката криза“, изјави лидерот на СДСМ Заев.
Тој дополни дека ќе продолжат да ги поддржуваат мирните и ненасилни протести и уште еднаш побара повлекување на одлуката за аболиција.
