Економија, финансии, бизнис

Контакт

СРЕДБА ЗАЕВ-ХАМАЧЕК: Бегалската криза е проблем на цела Европа

СРЕДБА ЗАЕВ-ХАМАЧЕК: Бегалската криза е проблем на цела Европа

Опозицискиот лидер денеска остварил средба со претседателот на Домот на пратеници на парламентот на Република Чешка, Јан Хамачек, информираат од кабинетот на Заев.

Двајцата соговорници разговарале за бегалската криза и продлабочувањето на соработката помеѓу Чешка и Македонија.

Во фокусот на средбата била и актуелната политичка состојба во земјава.

Хамачек кој е во официјална посета на Макеоднија истакнал дека Чешка е спремна да и помогне на Македонија и финансиски и ако има потреба спремни се да испратат и човечки ресурси за директна помош на македонската полиција.

И Заев и и Хамачек констатирале дека е потебно целосно исполнување на договорот од Пржино за да се организираат фер и демократски избори.

Слично

Поврзани вести