СРЕДБА ВУЧИЌ-РАМА: Приоритетите во регионот се менуваат, политичарите да делуваат согласно состојбите
Да го оставиме минатото зад нас и да се фокусираме на иднината, а светла перспектива може да имаме само со интеграција во ЕУ, беше заедничката оценка на премиерите Александар Вучиќ и Еди Рама на денешниот форум „Иднината на Албанско-Српските односи и стабилноста на Југоисточна Европа“, со кој и официјално беше отворенa безбедносната конференција тука во Белград.

Според Рама, реформите кои земјите аспиранти за членство треба да ги исполнат се тешки и болни, но доколку се одлучни да бидат дел од ЕУ ќе мора да ги спорвеедат . Вучиќ го критикуваше Брисел за двојните стандарди во однос на некои прашања .

„Тоа што го кажувам на средбите во Вашингтон исто го говорам и кога одам во Москва и кога сум во Брисел и им се допаѓаало тоа или не на моите колеги “ рече Вучиќ.
Единствено околу што не се согласија двајцата државници беше прашањето за Косово.
Вучиќ рече дека Србија ќе го продолжи дијалогот со Приштина , но потенцираше дека ќе биде потребно уште многу време да помине за состојбата да се подобри. Рама, пак, не го крише незадоволството од тврдата позцијата на Србија во однос на статусот на Косово.
“Косово е едно од прашањата околу кое со Вучиќ имаме дијаметрално спротиставени ставови. Трепча му припаѓа на Косово. Да не сакате можеби да го пренесете? Луѓето мораат да разберат дека рудникот Трепча е на териротија на Косово и им припаѓа на косовските граѓани без разлика дали се Албанци или Срби“, порача Рама.

По остриот тон на албанскиот премиер, Вучиќ рече дека во однос на Трепча, Косово прави потези кои се илегални .
Според двајцата премиери темите и приоритетите во регионот и пошироко се менуваат а политичарите треба да се прилагодат и да делуваат согласно условите.

Претседателката на Фондот за политичка исклучивост Соња Лихт на самиот почеток порача дека регионот се соочува со големи потешкотии, геополитички предизвици а Западен Балкан е препуштен сам на себе. Според неа, премиерите Вучиќ и Рама треба да бидат шампиони на новата етапа на регионална соработка .

Горазд Чомовски
