Економија, финансии, бизнис

Контакт

СРЕДБА ВО ОХРИД: Ќе се договараат детали за „мал Шенген“

СРЕДБА ВО ОХРИД: Ќе се договараат детали за „мал Шенген“

Уште една средба ќе има за „мал Шенген“.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска телефонски разговарал со премиерите на Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама за претстојната средба во Охрид, со која се продолжуваат разговорите за воспоставување на т.н.„мал Шенген“.

Како што јави дописникот на МИА, Вучиќ на својот Инстаграм профил „budućnostsrbijeav“ објави фотографија на која се наоѓа на работната маса, покрај телефон и бројни документи, како и слика со неговите соработници, со порака „одличен конференциски разговор со Рама и Заев пред важниот самит во Охрид на 9 ноември“.

Претходно, Тирана се закани дека ако не биде вклучена и Приштина, тие ќе се повлечат. 

Минатиот месец имаше средба во Нови Сад, Србија. 

Слично

Поврзани вести