СРЕДБА ТАЧИ – ПОПОСКИ: Што договорија двајцата министри?
Министерот за надворешни работи на соседна Албанија Хашим Тачи денеска беше во посета на Македонија.
Тој на средбата со министерот Никола Попоски евроинтеграција на сите земји од регионот ја истакна како исклучително значајна, а дека меѓусебна соработка и промовирањето на заеднички проекти е особено важно за исполнување на аспирациите за членство во ЕУ заклучија министрите за надворешни работи на Македонија и на Косово
- Косово и Македонија имаат одлични билатерални односи и отворен политички дијалог. Работиме на заеднички инфраструктурни проекти и прекуграничната соработка кои се значајни за нашите зеднички европски амбиции. На средбата ја разгледавме можноста за натамошно уредување на соработката во делот на правдата, образованието, имотно-правните односи, сообраќајот и проектите од значење за поттикнување на инвестициите – изјавил Попоски по средбата.
Во Скопје денеска ќе се потпишат договори за заемна заштита на инвестициите и за соработка на дипломатските академии на двете министерства за надворешни работи.
Најави дека во првата половина од годинава ќе се одржи заеднички состанок на двете влади, а за неколку месеци границата меѓу двете земји ќе може да се поминува само со лични карти.
Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Косово, Тачи истакнал дека Косово се залага за стабилен и мирен регион со јасна европска перспектива.
- Целта на Косово е зачленување во НАТО и ЕУ и токму затоа даваме голема поддршка на напорите на Македонија во насока на нејзината евроатланска интеграција. Заради тоа даваме поддршка на изнаоѓање на решение околу спорот со името со Грција. Како модел за постигнување на договор може да послужат и напорите кои ги прават Приштина и Белград за постигнување на договор. За постигнување на тоа неопходно е споровите да се остават во минатото и да се гледа кон заедничката иднина – рекол Тачи, кој истакнал и дека го поддржува спроведувањето на Охридскиот договор, кое, како што рече, е во интерес на стабилноста и мирот.
- Постојано работиме во насока на продлабочување на нашата соработката, но ќе ги зајакниме напорите за зголемување на соработката во поедини сектори и на институционално ниво. Во таа насока е и потпишувањето на двата договори во Скопје – рече Тачи, нагласувајќи дека разговарале и за поблиска соработка за развојот на инфрастуктурата
Косово веќе започнало со изградбата на автопатската делница од Приштина до македонската граница, вредна 600 милиони евра и Тачи изразил надеж дека и Македонија наскоро ќе го реализира делот од Скопје до косовската граница.
