Економија, финансии, бизнис

Контакт

СРЕДБА НАУМОВСКИ – ГРАФ: Најавена реализација на значајни проекти во дуалното стручно средно и високо образование

СРЕДБА НАУМОВСКИ – ГРАФ: Најавена реализација на значајни проекти во дуалното стручно средно и високо образование

Проф. д-р Синиша Наумоски, претставник на германскиот капитал на Хајделебрг Институтот во Скопје и претседател на Академскиот совет во Академијата за банкарство - АБИТ, се сретнал со Ото Граф, заменик- амбасадор раководител на економскиот оддел во Амбасадата на С.Р. Германија. Граф е голем поддржувач на Хајделберг Институтот во напорите за имплементирање на дуално средно и виско образование во Скопје, а на работниот доручек била најавена можноста за реализација на неколку значајни проекти во дуалното стручно средно и виско образование во земјите од Западен Балкан.

„На состанокот, заменик-амбасадорот Граф беше информиран за најавената официјална средба, наредната недела во Хајделебрг, Манхајм и Франкфурт, од страна на проф. д-р Синиша Наумоски, со владините претставници на сојузната покраина Баден-Виртемберг, во југозападна Германија, со цел, основање на филијала за ДУАЛНО образование (средно и високо) за земјите од Западен Балкан со седиште во Скопје, а под менторство на веќе отворениот германски институт Хајделберг за Западен Балкан, стои во соопштението.

За таа цел, била предадена програма и јасно нагласени идните чекори за имплементација на таквите проекти, при што, Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје дала силна поддршка за забрзување на процесите во таа насока.

„Со тоа, не само во Скопје, ваквите иницијативи, ќе бидат поддржани во Белград и Загреб, со што, уште еднаш беше потврдена поддршката од Хрватската амбасада во Скопје, како и најавена засилена соработка со германската комората „AHK“ во Скопје и Белград.  Исто така, беше нагласена и потребата т.е. побарувачката на стручен кадар од страна на сите германски компании во слободните економски зони во земјите од Западен Балкан и можностите, тие, активно да ги поддржуваат иницијативите за нови едукативни проекти за ДУАЛНО средно и високо образование, информираат од Хајделберг институтот.


Слично

Поврзани вести