Економија, финансии, бизнис

Контакт

СРЕДБА НА РАБОТНИ ГРУПИ: Има ли надеж да се решат медиумите и Избирачкиот список?

СРЕДБА НА РАБОТНИ ГРУПИ: Има ли надеж да се решат медиумите и Избирачкиот список?

Денеска попладне работните групи заедно со олеснувачот Ванхауте треба да се изјаснат за предлогот кој владеачката партија вчера го доставила за спорните точки-регулација на медиумите и прочистување на Избирачкиот список.

И вчерашната средба заврши без напредок а посредникот Питер Ванхауте состојбата ја оцени како критична.

Откако ВМРО-ДПМНЕ претстави нови предлози, останатите партии побарале дополнителни консултации.

Ванхауте беше запрашан за коментар на неделното обраќање на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Груевски пред Унијата на жени на неговата партија, а посредникот рече дека нема никаква реакција образложувајќи го одговорот вака: „Ако не ви се допаѓа пораката, убијте го гласникот“.

Говорот на Груевски од пошириоката јавност беше дочекан негативно, посебно споменувањето на специјалната обвинителка Катица Јанева која поради прозивањето од лидерот на владеачката партија побара засилено полициско обезбедување од МВР.

Слично

Поврзани вести