Економија, финансии, бизнис

Контакт

СРЕДБА НА РАБОТНАТА ГРУПА: Ќе се преговара за изборното законодавство

СРЕДБА НА РАБОТНАТА ГРУПА: Ќе се преговара за изборното законодавство

На преговарачката маса денеска претставниците на работните групи ќе преговараат за изборната регулатива.

После пауза од две недели , работните групи седнуваат повторно на жешкото столче каде ќе разговараат за промена на изборниот модел, на кој начин ќе се регистрираат гласачите, дали ќе гласа дијаспората, кои надлежности ќе ги има  ДИК ... ова се само мал дел од прашањата на кои треба да најдат заедничко решение најдоцна до 6 октомври.

И власта и опозицијата се со спротивни ставови за овие прашања, a жежок костен ќе биде и гласањето на дијаспората, каде ставовите се дијаметрално спротивставени.

Владеачката гарнитура е за  мнозински систем при изборот на пратеници, ДУИ вели дека моменталниот изборен модел со шест изборни единици е најсоодветен, додека пак опозициската СДСМ предлага една изборна единица.

На работната група освен партиите ќе присуствуваат и европскиот олеснувач Питер Ванхауте и експерти од ОБСЕ-ОДИХР. Дали партиите повторно ќе имаат нови маратонски преговори или ќе успеат да ги приближат ставовите останува да го чекаме денешниот епилог од средбата која треба да започне во 13 часот.
Слично

Поврзани вести