Економија, финансии, бизнис

Контакт

Средба Јоханес Хан -Зоран Заев: Разговарале за актуелната политичка ситуација во земјава

Средба Јоханес Хан -Зоран Заев: Разговарале за актуелната политичка ситуација во земјава

Еврокомесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, кој денеска е во официјална посета на Македонија, оствари средби со македонскиот врв, претставници на политичките партии, вицепремиерот Бесими.

Лидерот на опозицијата Зоран Заев, придружуван од заменик претседателката, Радмила Шекеринска, генералниот секретар, Оливер Спасовски и претседателката на Комисијата за европски прашања, Лидија Димова, денеска во седиштето на СДСМ се сретна со еврокомесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, придружуван од амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав.

Тема на разговорот како што соопштуваат од кабинетот на Заев била актуелната политичка ситуација во Република Македонија и загрозените демократски процеси во државата.

-Скандалот со прислушувањето на 20.000 граѓани, упадот на власта во функционирањето на Јавното обвинителство, на судовите, местењето обвинителско - судски процеси, се само мал дел од доказите што ги поседуваме за урнисувањето на уставниот поредок на Република Македонија од страна на Никола Груевски и неколкумина негови соработници, изјавил  Заев.

Имено тој најавил дека Социјалдемократскиот сојуз има законска и морална обврска Вистината за Македонија да ја сподели со граѓаните и тоа ќе го стори, во насока и со единствена цел, враќање на уставниот поредок во Македонија, на слободата и демократијата и нормализација на државата.

Слично

Поврзани вести