Средба Груевски-Вучиќ: Што разговараа и договорија двајцата премиери?
Српскиот премиер Александар Вучиќ денеска беше во официјална посета на Македонија каде оствари тет-а-тет средба со премиерот Груевски.
Двајцата премиери разговарале на неколку теми а најмногу винимание посветиле на унапредување, зголемување и подобрување на соработката на неколку полиња на Македонија и Србија, заеднички мерки на штедење, продлабочување на односите на двете земји.
На денешната посета на Македонија, српскиот премиер, заедно со неколку министри од неговата Влада, присуствуваат на втората билатарелна седница меѓу двете Влади. Првата седница меѓу Македонија и Србија се одржа во Белград.
По седницата и поединечните средби меѓу премиерите и ресорните министри беа потпишани седум договори за унапредување на собработката, и тоа од областа на економијата, туризмот, железничкиот сообраќај, образованието и науката, надоврешната политика, животната средина, како и културата.
Премиерот Груевски потенцираше дека приоритет на двете Влади е надградба на економската соработка, преку која се вклучени и приватните компании кои нудат вработувања.
Меѓу темите кои биле во фокусот на средбата на премиерскот ниво биле и изградбата на автопати, железничката пруга, енергетската поврзаност, како и контактите на компаниите, нивната соработка, како и заедничко излегување на трети пазари.
Српскиот премиер Вучиќ, пак додаде дека се разговарало и за зголемување на увозот и извозот, како и за заедничките мерки за штедење.
