Економија, финансии, бизнис

Контакт

Средба Груевски-Столтенберг: НАТО бара независна истрага за случајот „прислушување“!

Средба Груевски-Столтенберг: НАТО бара независна истрага за случајот „прислушување“!
Денеска премиерот Никола Груевски се сретна со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Брисел каде остварија средба и заедничка прес конференција. Столтенберг не сакаше да даде коментар за последните случувања во земјата и дека  скандалот со прислушувањето во Македонија стојат странски тајни служби, како што обвинува нашата Влада. Тој изјави дека не сака да ги коментира активностите како што се помош на Македонија да ги открие тајните служби кои според премиерот Груевски стоеле зад обидот да се дестабилизира земјата . Го подвлекувам значењето на слободата на печатот, бараме да и‘ се дозволи на опозицијата нормално да функционира, тоа се демократски вредности кои мора да се почитуваат, рече Столтенберг. „Бараме независна и темелна истрага за многу сериозните обвинувања. Оние кои се одговорни треба да се одговараат за она што се случило“, рече генералниот секретар на НАТО. Што се однесува до премиерот Груевски за истата тема не сакал да коментира ништо во врска со странските служби посочувајќи дека „тоа ќе биде дел од натамошна судска постапка, која ќе биде јасна и транспарентна. Отворени сме и за било каков мониторинг“, изјавил Груевски. Спорот со името останува единствена пречка за членството на Македонија во НАТО потенцираше Столтенберг, поздравувајќи ги реформите „во одбранбениот сектор“, но предупреди дека остануваат многу предизвици, пред сѐ „во политичкиот дијалог, слободата на медиумите и владеењето на правото“. Целата прес конференција може да ја погледнете на овој линк.  
Слично

Поврзани вести