Економија, финансии, бизнис

Контакт

Средба Божиновска-Пјат на маргините на конференцијата за чиста и безбедна енергија во Истанбул, Турција

Средба Божиновска-Пјат на маргините на конференцијата за чиста и безбедна енергија во Истанбул, Турција

На маргините на Конференцијата за чиста и безбедна енергија, организирана од америкаснкиот Атлантски совет, денес, во Истанбул, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини на Македонија, Сања Божиновска, оствари средба со Џефри Пјат, помошник државен секретар за енергетски ресурси во Стејт Департментот.

На средбата, министерката Божиновска и помошник државниот секретар Пјат разговараа за гасните интерконектори со Грција и Србија како клучни стратешки проекти за обезбедување стабилна енергетска иднина за нашата држава и регионот.

Овие проекти се од суштинско значење за диверзификација на изворите на енергија и зголемување на енергетската независност на земјата.

"Гасните конектори со соседите се од огромно значење за нашата енергетска стратегија. Тие не само што ќе ја зголемат нашата сигурност во снабдувањето, туку и ќе ја подобрат нашата конкурентност на пазарот", истакна министерката Божиновска.

Исто така, на средбата беше дискутирано и за стратешката соработка со САД во областа на енергетиката, при што министерката ја акцентираше важноста на американската поддршка во развојот на проекти за обновливи извори на енергија и технологија за енергетска ефикасност, но и важноста од споделување искуства со САД во делот на борбата со корупцијата во доментот на енергетиката.

"Нашата соработка со САД е од клучно значење за имплементацијата на иновациите во енергетскиот сектор. Заедно можеме да создадеме одржливи решенија кои ќе придонесат за развојот на регионот", додаде таа.

На крајот, министерката Божиновска и помошник државниот секретар Пјат разговараа за идната соработка и регионалните иницијативи, нагласувајќи ја потребата за продолжување на дијалогот и партнерството меѓу државите во областа на енергетиката.

Слично

Поврзани вести