Србите за еден месец ќе почнат со испорака на „Спутник В“
Вакцината од Институтот „Торлак“ чека одобрување од Москва, а испораката ќе започне за еден месец.
Во следните 10 дена во српскиот Институт за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ треба да пристигнат резултатите од валидацијата на првата пробна серија од 2.000 шишиња „Спутник В“, кои се испратени на проверка во рускиот институт „Гамалеја“. Доколку одговорот е како што се очекуваше во „Торлак“, од крајот на мај или почетокот на јуни, може да започне редовна испорака на супстанцијата на секои две седмици и производство на „Спутник В“ во Националниот институт во Кумодраж. Министерот за иновации и технолошки развој Ненад Поповиќ се надева дека резултатите од контролата на пробната серија ќе бидат добри. Произвоството на руската вакцина би било голема шанса за „Торлак“, во кој се надеваат дека целосниот циклус на производство ќе биде можен следната година.
Инаку, градовите Белград, Ниш и Ужице имаат над 50 проценти вакцинирани граѓани.
