СРБИТЕ ВО РЕДИЦИ ЗА ВАКЦИНИ АМА ПОРАДИ КАФУЛИЊАТА: Од вечерва ковид пропусници за угостителските објекти
Вечерва во Србија стапуваат на сила ковид пропусниците без кои граѓаните не можат да бидат во угостителски објект, а тоа предизвика редици за вакцини на вакциналните пунктови, особено на белградскиот саем, пишува Курир.рс.
На фотографијата објавена на Инстаграм, некој што веќе чека на ред, сподели со корисниците на оваа социјална мрежа дека интересот за вакцината е оживеан.
Во Србија за да се добие ковид пропусница потребно е да се обезбеди доказ за примената втора или трета доза, која треба да се прими во рок од 210 дена или 7 месеци од примената втора доза.
Но, за оние кои не биле вакцинирани, потребно ПЦР тест не постар од 72 часа, тест за антиген не постар од 48 часа или доказ за прележан ковид во последните 7 месеци.
