Србите утре ќе протестираат во Штрпце откако Албанци тепаа српски момчиња
Српска листа за утре најави протест во Штрпце поради нападите на Србите во Косово.
Од партијата додаваат дека овој Божиќ ќе остане запаметен како ден кога Србите повикале на мир, но и ден кога се пролеала невина српска крв.
Српска листа, за утре најави голем јавен протест поради, како што велат оттаму, бруталните обиди за убиство на српските момчиња Стефан и Милош Стојановиќ и Стефан Томиќ, но и за континуираната антисрпска репресија на режимот на косовскиот премиер Албин Курти. Протестот е најавен за утре во 12 часот на платото пред домот за култура во Штрпце.
„Ги повикуваме сите граѓани од цело Косово и Метохија утре да дојдат на овој мирен и демократски протест, да им дадат поддршка на повредените и нивните семејства, но и да го кренеме гласот против тиранијата на Албин Курти, чија последица е заканата од мир и континуираниот прогон на српскиот народ на овие простори“, стои во соопштението на партијата.
Слично
